Утрински Весник
Македонија

В.д. градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно

Valbon limani 750x375 1.webp.webp

Вршителот должност градоначалник на општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови во првиот круг на локални избори, Валбон Лимани смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно.

Тој во одговор на новинарско прашање околу најавите за негова смена смета дека Уставниот суд треба да го реши прашањето кој ќе го води Гостивар до повторувањето на изборите кои пропаднаа заради слаба излезност.


– Јас сум избран како в.д. градоначалник минатата година, во јули, согласно Законот за локална самоуправа, Член 54 и потоа Член 4 кој беше сменет во меѓувреме и кој вели дека имам мандат до избор на нов градоначалник, вели Лимани и појаснува дека цврсто верува во правната држава и по правен пат ќе се спротивстави на владината намера да постави повереник во Гостивар.

-Ќе поднесеме инцијатива до Уставен суд, дали е тоа уставно или не. Јас мислам дека на крајот на денот, граѓаните го кажаа своето на изборите на 19 октомври. По закон најдоцна за шеесетина дена треба да имаме повторени избори и последниот збор пак ќе го имаат граѓаните на Гостивар. На крај, верувам дека Уставниот суд ќе каже дали е законски или незаконски, рече актуелниот вршител на должност градоначалник на општина Гостивар, вели Лимани.

Можете да прочитате

Секој ден си велам ова е дното, ама може и полошо вели Пановски за случајот во Гостивар

Сѐ се зголемува, освен платите

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија