Утрински Весник
Свет

Ужас во Шпанија: Мажот и синовите ја избoле мајка си со нож додека таа седела на тераса 

W 55951672.jpg

Шпанската полиција го уапси таткото и двајцата синов и кои ја изболе мајката додека седела на тераса од продавница за сладолед во градот Аликанте.

Тие се обвинети за обид за убиство, додека таткото и поранешниот сопруг на жената ее обвинет и за семејно насилство, пишува „Ел Паис“.

51-годишна жена е примена во болницата „Доктор Балмис“ и не и е загрозена животот.

Уапсени се нејзиниот 47-годишен поранешен сопруг, како и нивните два сина на возраст од 20 и 21 година. Тие остануваат во притвор во полициската станица во Аликанте.

Истрагата, која ја спроведува одделот за убиства на шпанската национална полиција, започна по дојавата на еден од бројните очевидци на нападот.

Тројцата се упатиле со автомобил до слаткарницата на плоштадот, а потоа и пришле на жената која седела на терасата со нејзината ќерка и ја испрскале со бибер-спреј, а потоа со нож ја прободеле во десната страна од телото.

Инспекторите се обидуваат да утврдат кој од сторителите ги нанел убодите, а мотивите за нападот се уште не се познати, велат полициски извори.

Тројцата напаѓачи по инцидентот побегнале, но полицијата по осумчасовна потрага успеала да ги пронајде и ги уапсила.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија