Утрински Весник
Македонија

Ужас во близина на Скопје: Најдено тело на жена со прострелна рана во главата

Policija Lenta.png

Основното јавно обвинителство Скопје, во координација со екипи на СВР Скопје, изврши увид на лице место во село Копаница, скопско, каде што е пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, а надлежните институции преземаат дополнителни мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот.

Во близина на телото е пронајден пиштол „глок 19“, кој, како што информираат од истрагата, е сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш било обезбедено, по што Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ по член 396 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој бил прифатен од Судот.

Можете да прочитате

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт