Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Planina Sneg.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најниска температура од -3 степени утрово во земјава е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Тетово, Штип и Струмица со  -2 , -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и во Кавадарци, 0 степени во Куманово и Велес, 1 Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор, Попова Шапка и 4 степени во Маврови Анови и Крушево.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови.


Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. 

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари