Утрински Весник
Македонија

Утре не очекува уште попеколно време – температурите ќе одат до 37 степени

Zesko vreme.jpeg

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во југоисточните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.


Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во недела ќе се задржи сончево и многу топло време. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална појава нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот