Утрински Весник
Македонија

Утре гласаат болните, затворениците и дијаспората

Izbori.webp.webp

Од Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека за гласање на претседателските избори се пријавени 11 123 болни и немоќни лица, додека за парламентарните избори таа бројка е поголема за 102 избирачи, односно ќе гласаат 11 225 болни и немоќни лица.

На еден ден пред гласачкиот ден за двојните избори, утре своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата.

Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА информираат дека за гласање на претседателските избори се пријавени 11 123 болни и немоќни лица, додека за парламентарните избори таа бројка е поголема за 102 избирачи, односно ќе гласаат 11 225 болни и немоќни лица.

Овие лица ќе гласаат во своите домови каде што утре ќе ги посетат членовите на избирачките одбори.

Во вториот круг од претседателските избори, исто како и во првиот изборен круг, право на глас имаат 1 814 317 избирачи. На парламентарните избори, пак, кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските, своето право на глас ќе може да го остварат 1 033 избирачи повеќе, односно 1 815 350 избирачи.

Разликата во бројот на запишани избирачи во Избирачкиот список се должи на оние граѓани кои помеѓу првиот круг од претседателските и парламентарните избори наполниле 18 години.

Освен изнемоштените и затворениците, утре своето право на глас ќе го остварат и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик