Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд поведе постапка по иницијативата на Данела Арсовска за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот на Град Скопје

уставен суд

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за да ја оценува уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје.

Во оваа фаза од постапката Уставниот суд изразува сомнеж дека Одлуката е спротивна на одредби од Уставот и Законот за локална самоуправа, соопштија од Уставен.

Според Судот спорно е што стварите во општинска сопственост може да се дадат на користење по пат на јавно наддавање, а врз основа на одлука на установата и со предлог на директорот на установата, што не е во согласност со одредби од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и со Законот за локална самоуправа.

Дополнително Уставниот суд одлучи и запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија донесени врз основа на одлуката, односно воведена е т.н. времена мерка која важи се до донесување на конечна одлука на Судот.

Подносител на иницијативата: Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје

 

Можете да прочитате

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, а ставот на бугарската страна е поинаков поради егзибициите на претходната влада, вели Мицкоски

Се обидел да раздели лица кои се тепале, завршил со убодна рана