Утрински Весник
Балкан

Уставен суд на Хрватска: Милановиќ и да поднесе оставка не може да биде мандатар или премиер

Prime Minister Zoran Milanovic.jpg
300x250 (7)

-Уставниот суд утврдува дека претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, изјави денеска претседателот на Уставниот суд на Хрватска.

-Со предупредување од 18 март, Уставниот суд навремено го предупреди претседателот Милановиќ дека неговата кандидатура и застапувањето како кандидат не се компатибилни со овластувањата на претседателот. Тој беше предупреден дека мора веднаш да поднесе оставка доколку се кандидира за функција или се појави како кандидат за премиер. Уставниот суд истакнал дека целата постапка ќе биде под строг надзор на Уставниот суд“, рече Претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ.

300x250 (7)

Тој посочи дека Уставниот суд утврдил дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, но претседателот на Република Хрватска во повеќе наврати јавно изјавил дека нема да го почитува предупредувањето и постојано го прекршувал со изјавата дека ќе учествува во кампањата.

-Затоа, иако не поднесе оставка од претседателската функција, се однесуваше како кандидат за премиер. Со тоа се стави во позиција на учесник на парламентарните избори, што не може да биде додека е претседател на Републиката“, рече Шепаровиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Изгласана е новата Влада на Србија: Премиер e Милош Вучевиќ

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи трпението поради чекање за влез во ЕУ

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра