Утрински Весник
Македонија

Успешна трансплантација на коска од починат донор на 13-годишно дете во Скопје

472991035 1033504338806448 4986407798112864603 N.jpg

На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешно беше извршена трансплантација со имплант, односно коска од починат донор, која беше имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Ова е првпат во Македонија да се изврши ваков тип на трансплантација, а детето има уреден постоперативен тек, соопшти Министерството за здравство.

Министерството изрази благодарност и честитки до целиот тим кој го водеше процесот, предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и до сите здравствени работници кои учествуваа во оваа важна трансплантација, вклучувајќи д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарките Сузана Пејчиновска и Арјета Мемети, анестетичарот Менка Дојчиновска, радиолошкиот технолог Крешник Шеху и гипсерот Ирена Галевска.


Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, изрази благодарност и најави дека ќе продолжат со уште посилно темпо за подигнување на свесноста за трансплантацијата како највисок акт на човекољубие.

Можете да прочитате

Андоновски на средба со Претседателот на Националниот Совет за сајбер безбедност на ОАЕ

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на „Глобалниот женски појадок 2025″

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе започне и снегот, особено во западните и во југозападните предели!