Утрински Весник
Македонија

Условите на ЗНАМ како да се пишувани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, идентични се

Maksim.webp.webp

Откако денеска Максим Димитриевски, лидерот на „ЗНАМ“, денес на последниот ден од кампањата за претседателските и парламентарни избори ги реафирмираше партиските ставови и услови за влез во идната Влада, јавноста нема сомневање дека тие како да се пишувани во штабот на ВМРО. Идентични се со оние на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриевски повтори дека во Владата ќе учествува доколку ДУИ премине во опозиција, а за Коалицијата „Вреди“ со која и така соработува на соработува на локално ниво, смета дека е можна соработка ако се приближат ставовите околу уставните измени.

Димитриевски ги исцрта „црвените линии“ и за преговорите со ЕУ и објави дека е на ЗНАМ е на ставот за одложена примена на уставните амандмани по приемот на Македонија како полноправна членка на ЕУ.

И тој став е идентичен како оној на ВМРо-ДПМНЕ.

„Заштита на јазикот, историјата, идентитетот, културното наследство во сите фази на преговорите. Парламентот да усвои Декларација за националните македонски црвени линии. Македонија треба да ја градиме како држава со мултиетничко општество со еднакви права и обврски на сите граѓани кон државата. Да се отфрли наметнатиот наратив од албанскиот политички фактор дека Македонија треба да биде биетничка држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства“, изјави Димитриевски.

Од ова е само нејасен декот како ќе се „отфрли наметнатиот наратив од албанскиот политички фактор дека Македонија треба да биде биетничка држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства“, кога денеска нивниот партнер во новата влада Мицкоски, како што се најавува деновиве, веќе со пружи рака со Таравари, лидерот на Вреди/Влен, коалиција која според нивнаѕа програма најавува уставно редефинирање на Македонија во бинационална држава.

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик