Утрински Весник
Свет

Ураганот Никол пред Флорида, се евакуираат жителите

Ураганот Никол пред Флорида, се евакуираат жителите

Се очекува ураганот Никол да падне на источниот брег на Флорида во следните неколку часа, со силни ветришта и опасни бранови на бури, соопшти Националниот центар за урагани на САД, пренесе Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Десетици луѓе беа евакуирани вчера од чувствителни локации на северозападните Бахами додека Никол се приближуваше до островот.

Официјални лица на Бахамите соопштија дека само неколку луѓе се наоѓаат во повеќе од дваесетина активни засолништа, а поплави и прекини на електрична енергија биле пријавени во Абако.

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи