Утрински Весник
Свет

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, ветрови до 215 км/ч

Screenshot 2024 07 04 091449.png

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на овој остров на Карибите.

Берил, во моментов е ураган од четврта категорија, со ветрови до 215 километри на час, го погоди јужниот брег на островот.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви.

Си-ен-ен пренесе дека една жена загина на Јамајка откако дрво паднало врз нејзиниот дом.

Ураганот уби најмалку осум лица пред да падне на копно во Јамајка, тројца во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Можете да прочитате

Онколошка болница во Атина враќа дел од Ковид мерките

„Политико“: Шефовите на дипломатиите на ЕУ планираат бојкот на Самитот за надворешни работи на Орбан 

Каја Калас поднесе оставка од функцијата премиер на Естонија