Утрински Весник
Свет

УНЕСКО ги осуди нападите врз културните знаменитости во Одеса

УНЕСКО ги осуди нападите врз културните знаменитости во Одеса

Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) денеска ги осуди „жестоките удари нанесени од руските сили“ кои погодија неколку локации вброени во светското културно наследство во центарот на Одеса, вклучувајќи ја и црквата Преображение Господово, изградена пред повеќе од 200 години, пренесува БТА.

dobivaj vesti na viber

– Овие страшни уништувања се уште една ескалација на насилството врз светското културно наследство во Украина, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Таа ја повика Руската Федерација „да преземе конкретни чекори за исполнување на своите обврски според меѓународното право во однос на заштитата на културното наследство“.

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи