Утрински Весник
Свет

Уметник во Сиднеј собрал илјадници голи статисти за да ја подигне свеста од рак на кожата

Уметник во Сиднеј собрал илјадници голи статисти за да ја подигне свеста од рак на кожата
300x250 (7)

Околу 2.500 голи волонтери позираа на утринското сонце на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, а идејата е на уметник кој сака да ја истакне важноста на лекувањето на ракот на кожата.

dobivaj vesti na viber

Инсталацијата е дизајнирана од американскиот фотограф Спенсер Туник, кој сака да ги поттикне Австралијците да одат на лекар на редовни прегледи и да ја проверуваат нивната кожа.

300x250 (7)

Законот беше променет и за првпат се дозволи голотија на оваа плажа.

Австралија има пропорционално најголем број на луѓе со рак на кожа, според Светскиот фонд за истражување на ракот.

Волонтерите почнаа да се собираат на плажата од 3.30 часот по локално време за да бидат дел од инсталацијата, која беше спроведена во соработка со добротворната организација „Skin Check Heroes“ за време на Неделата за подигање на свеста за опасноста од рак на кожата.

„Имаме можност да ја подигнеме свеста за важноста на кожните проверки и чест ми е што имам можност да дојдам овде, да работам на моите уметнички дела и да го прославам телото и заштитата“, рече фотографот Туник, пренесе Ројтерс.

Брус Фишер, 77-годишен маж кој учествувал во снимањето, за агенцијата АФП изјавил дека „половина од својот живот го поминал на сонце и дека му биле отстранети два малигни меланоми од грбот“.

„Мислам дека тоа е достојна причина и ми се допаѓа да се соблечам на плажата Бонди“, додава тој.

Туник е познат по тоа што создава фотографии од голем број голи луѓе на некои од најпознатите локации во светот.

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија