Утрински Весник
Македонија

Умерено облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд

1711435164 Oblachno.webp.webp

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Од УХМР велат дека до четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени. 

Можете да прочитате

На Груби ќе му се укине куќниот притвор, ако нема обвинение

Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца