Утрински Весник
Свет

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата
300x250 (7)

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот и забрзано напредуваат по реката Днепар, заканувајќи се дека ќе опколат илјадници руски војници, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Киев официјално не го потврди ова, но руски извори признаа дека украинската тенковска офанзива напредувала десетици километри долж западниот брег на реката и дека на тој пат биле освоени голем број села.

Ss1

Ова ги одразува неодамнешните големи успеси на Украина на истокот на земјата, кои ја свртеа војната, иако Москва го зголеми интересот со анектирање на освоените територии, прогласување делумна мобилизација и закана со нуклеарна одмазда.

„Информациите се напнати, ајде да се изразиме така, бидејќи, да, навистина имаше пробив“ – изјави за руската државна телевизија, Владимир Салдо, проруски функционер во окупираната област Херсон.

„Има населба Дудчани, веднаш до реките Днепар и таму, во тој крај, дојде до пробив. Има населби кои беа заземени од украинските сили“ – рече тој.

Дудчани се наоѓа на околу 40 километри јужно од местото каде што пред само еден ден беше линијата на фронтот, што укажува дека ова е едно од најбрзите напредувања на украинските сили досега и убедливо најбрзото на југот на земјата, каде што руските сили беа во силно утврдени позиции, а линијата на фронтот беше главно статична уште од првите недели од инвазијата.

Киев речиси целосно молчи за ова, како што беше и во претходните големи офанзиви, иако некои официјални лица споменаа непотврдени извештаи за напредување на украинските сили.

Ss1

Можете да прочитате

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија 

За Русија распоредувањето на нуклеарно оружје во Полска ќе стане легитимна цел