Утрински Весник
Свет

Украинска армија: Ја ослободивме Андријивка

Украинска армија: Ја ослободивме Андријивка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украина го ослободи селото Андријивка во областа Доњецк, кое се наоѓа јужно од Бахмут, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Веста за ослободувањето на селото вчера ја соопшти заменик-министерката за одбрана Хана Маљар, но украинската војска набрзо ја демантираше оваа информација.

dobivaj vesti na viber

Третата ударна бригада вчера соопшти дека борбите во Клишчивка и Андријивка продолжуваат, по што Маљар ја коригира својата претходна изјава.

„Беше тешко и вчерашната ситуација неколку пати се менуваше многу динамично“, ги објасни контрадикторните извештаи Маљар.

Генералштабот додаде дека украинските сили им нанеле големи загуби на руските војници како дел од офанзивните операции околу блиското село Клишчивка, во кои тие исто така постигнале делумен успех. Андријивка е мала населба која се наоѓа на околу три километри јужно од Клишчивка и помалку од 10 километри јужно од окупираниот Бахмут.

Можете да прочитате

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина