Утрински Весник
Спорт

Норис најбрз во утринската сесија од вториот ден на третиот тест во Формула 1

20260219122950 big 730x400 76.webp.webp

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е лидер по утринската сесија од вториот ден од последниот тест во Формула 1.

Лидерот на Ред Бул, Макс Верстапен, е втор, а Џорџ Расел од Мерцедес е трет.

Пласман на десетте најбрзи, време на најбрз круг и вкупно извозени кругови:
1. Ландо Норис (Мекларен) – 1:33.453 (72 круга)
2. Макс Верстапен (Ред Бул) +0.131 (56)
3. Џорџ Расел (Мерцедес) +0.658 (77)
4. Алекс Албон (Вилијамс) +1.677 (71)
5. Габриел Бортолето (Ауди) +1.810 (29)
6. Оливер Берман (Хас) +1.826 (69)
7. Франко Колапинто (Алпинто) +2.053 (54)
8. Лиам Лосон (Рејсинг Булс) +3.506 (27)
9. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) +4.019 (40)
10. Луис Хамилтон (Ферари) +6.217 (5)

Вториот ден од третото и последно претсезонско тестирање во Формула 1 е во тек во Бахреин.

Новата сезона во Формула 1 ќе почне во Мелбурн од 6 – 8 март со трката за Големата награда на Австралија.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026