Утрински Весник
Свет

Украинците во Полска добиле лажни покани за регрутација

20250103105848 Big 730x400 42.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Канцеларијата за странци во Варшава денеска соопшти дека писмата со повик за регрутација што ги добиле одреден број украински граѓани во Полска се фалсификат.

Во лажното писмо, објавено од Канцеларијата, се вели дека во врска со украинското законодавство за воена служба и тековната мобилизација во Украина, примачот треба да очекува посета од претставник на одделот.


Како што се додава, потоа Украинците треба да очекуваат да бидат префрлени во мобилизацискиот пункт за служба во Помиње, а доколку се обидат да избегнат мобилизација ќе одговараат со кривична пријава и ќе бидат екстрадирани во Украина.

Можете да прочитате

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир