Утрински Весник
Свет

Двајца полицајци повредени во експлозија пред зграда на полицијата во Берлин

20250103120452 Big 730x400 11.webp.webp

Двајца полицајци се повредени по силна експлозија што се случи синоќа пред зградата на полицијата во северниот дел на Берлин, соопшти денеска берлинската полиција.

– Околу 20 часот и 20 минути во близина на нашата полициска станица 12 во Витенау се случи сериозен безбедносен инцидент во кој при рутинска безбедносна патрола беа повредени колегите, а еден од нив се здоби со тешки повреди, се вели во соопштението на полицијата.


Според прелиминарната истрага, експлодирал непознат предмет, при што на еден полицаец му биле нанесени сериозни повреди на лицето и окото, додека друг полицаец претрпел траума.

Можете да прочитате

Речиси 50 уапсени за време на пожарите во близина на Лос Анџелес

Номинациите за Оскар повторно одложени, објавен нов датум

Метеоролозите во Лос Анџелес со најави за нови силни ветрови