Утрински Весник
Свет

Украинците ги враќаат изгубените позиции во Бахмут, тврди Пригожин

Шефот на „Вагнер“: Го прекинуваме нападот на Бахмут

Основачот и шеф на озлогласената руска платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, во текот на викендот објави дека украинските сили можеби вратиле некои од нивните загубени позиции во југозападниот дел на окупираниот град Бахмут.

dobivaj vesti na viber

Според Пригожин, извештаите покажуваат дека украинските сили воспоставиле набљудувачки пунктови во градот и ги принудиле руските сили да реагираат.

Заменик-министерот за одбрана на Украина, Хаана Маљар, исто како и другите украински функционери, тврди дека украинските сили се уште држат позиции во градот чија целосна окупација беше прогласена од Пригожин пред две недели.

Сепак, интересно е што еден од најважните украински генерали денеска објави дека украинските сили „продолжуваат да напредуваат“ кај Бахмут. Олександр Сирски, командант на украинската копнена армија, објави дека украинските сили успешно ја уништиле руската позиција кај Бахмут.

Сирски не ја спомена долгоочекуваната украинска контраофанзива, но неговите коментари дојдоа откако руското Министерство за одбрана соопшти дека ја одбило големата украинска контраофанзива во Доњецк во која загинаа 250 украински војници.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран