Утрински Весник
Свет

Украина: Поранешните Вагнерци се во Бахмут

Украина: Поранешните Вагнерци се во Бахмут

Украинската армија тврди дека Вагнерците се вратиле во Бахмут. Тие се повлекоа од тој град во мај и ја предадоа контролата на руската војска. Сепак, заменик-началникот за комуникации на украинската армија Серхиј Череваџи изјави дека поранешните борци на Вагнер се вратиле во Украина и сега работат под руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Неколку стотици од нив одат во наша насока, на источниот фронт“, изјави тој за Си-ен-ен.

Истото за Си-ен-ен го потврдија и украинските војници кај Бахмут.

„Вагнер е тука“, рече еден од операторите со дронови. „Се вратија, брзо ги сменија командантите и сега се тука“, додаде тој.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека Вагнерите склучиле договори со руското министерство, но тој не сакал да го преувеличува нивното доаѓање на фронтот.

„Запомнете, Вагнер повеќе не постои“, рече тој на крајот.

Можете да прочитате

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија, ја претекнаа САД

Трамп: Бајден е на страната на терористите, светот го води кон Трета светска војна

Разрешен потпретседателот на владата на Украина