Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од 30 декември до 7 јануари престојуваше со сопругата Лидија и двајца службеници од полициската управа кои го обезбедуваат во луксузниот хотел „Grand Hotel des Bains Kempinski“ во монденското швајцарско одморалиште Сент Мориц.
Полициската управа откри дека нивни службеници го обезбедувале претседателот Ѓукановиќ во луксузниот хотел „Кемпински“ и дека трошоците за сместување за нив изнесуваат речиси 9.000 евра.
– Од вкупната сума, сумата од 8.931,42 евра се однесува за хотелско сместување, а трошоците за дневници изнесуваат 2.209,20 евра – се наведува во одговорите на Полициската управа на прашањата на „Вијести“.
Веб-страницата на хотелот дава информации дека за истите датуми во кои престојувал Ѓукановиќ најевтиното сместување може да се најде за околу 1.800 евра од ноќ во соба од 25 метри квадратни, додека становите почнуваат од 2.500 евра за ноќевање до над 13.000 евра за претседателскиот апартман.