Утрински Весник
Македонија

УХМР: Од утре промена на времето

Dozdovno vreme.jpg

УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. УВ=8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп

Водата во Валандово повторно е безбедна за пиење

Министерот Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор