Утрински Весник
Македонија

Ученик од Ѓорче Петров тешко повреден откако бил претепан од група малолетници

Park gjorce.jpg

Уште еден тежок инцидент со малолетничко насилство се случил во општина Ѓорче Петров.

Малолетник добил тешки телесни повреди откако бил нападнат од група врсници во дворот на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во СВР Скопје на 16 септември околу 21 часот.

Како што било пријавено во полицијата, на нападот му претходела расправија, по што неколку малолетници физички го нападнале детето. Еден од напаѓачите му бил познат на повредениот малолетник.

По нападот било констатирано дека детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болница.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на сите околности под кои се случил нападот.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт