Утрински Весник
Свет

Ученик избоде до смрт наставничка во Русија

Napad So Nozhzh.jpg

Седумнаесетгодишен ученик денеска избоде наставничка во училиште во градот Добрјанка во Пермскиот регион во Русија, по што им подлегна на повредите. Инцидентот се случил утрово во 08:00 часот по локално време, на улицата во близина на влезот во училиштето.

Жртвата била наставничка по руски јазик и литература, која била и класна на напаѓачот. Наставничката била хоспитализирана во исклучително тешка состојба и нејзиниот живот не можел да се спаси.


Напаѓачот има 17 години и е во деветто одделение, а наводно повторил неколку одделенија. Ученичкот и наставничката биле во долготраен конфликт.

Напаѓачот моментално е во полициски притвор. Регионалниот гувернер Дмитриј Махонин изјави дека сторителот претходно бил регистриран.

Безбедносните мерки се заострени во образовните институции во Пермскиот регион.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години