Утрински Весник
Македонија

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Foto 5.jpg

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров” од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.

Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.


Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката.

Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.

Потсетувајќи се на првите учители кои и ја всадиле љубовта кон книгите, претседателката им порача на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.

Учениците си заминаа, носејќи со себе убави спомени од еден необичен училишен ден.

Можете да прочитате

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер