Утрински Весник
Свет

Драма на Меѓународната вселенска станица, санирано само едното истекување на воздух

20260605174651 big 730x400 91.webp.webp

На астронаутите од Меѓународната вселенска станица денеска им беше наредено да се засолнат во своите летала и да се подготват за евентуална евакуација додека рускиот екипаж се обидува да го санира истекувањето на возух од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА.

По кратко време на астронаутите им беше дозволено да излезат од засолништето.


Истекувањето на воздух изминатите месеци беше релативно мало, но тоа се зголеми во понеделникот.

Руската агенција за вселенската програма и вселенски истражувања (Роскосмос) соопшти дека двете истекувања на воздух биле откриени за време на притисокот во преодната комора на модулот Звезда. Руските астронаути успеале брзо да запечатат едно место на истекување, а второто можно место на истекување се наоѓа во конусниот дел од преодната комора.

Според Роскосмос нема закана за безбедноста на екипажот или системите на МВС.

Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата веќе 25 години и е можеби најсложениот меѓународен инженерски проект некогаш изграден. Таа има руски и американски компоненти, како и модули од европските и јапонските вселенски агенции.

Станицата е широка 108 метри и долга 74 метри, се движи со брзина од околу 27.400 до 28.200 километри на час и ја обиколува Земјата приближно на секои 90 минути.

Покрај спроведувањето експерименти испратени до станицата, и астронаути се дел од трестирањетп. Мерењата се земаат пред, за време и по нивните вселенски летови за подобро да се разбере како луѓето можат да преживеат долги мисии. Повеќето екипажи остануваат на станицата околу шест месеци.

Можете да прочитате

Во Сахара од жед починаа 49 луѓе

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Суд во Хаг ја прогласи за виновна жена што му дозволила на 14-годишниот син да стане дел од т.н. Исламска држава