Утрински Весник
Македонија

Убиство во Гостивар, застрелан во главата 28-годишник

Жител од охридско паднал од балкон и починал

Убиство се случило вечерва во центарот на Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од СВР Тетово, едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје. Првичните информации наведуваат дека се работи за убиство на кое му претходела расправија.

Како што велат од СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А. На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повредите.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа