Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и ветровито, од утре стабилно со студени утра

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 16 до 23 степени. УВ=5.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа