Утрински Весник
Македонија

Убава вест за возачите: Македонскиот М-Таг за патарини работи во Македонија и Србија, а од следната година и во Грција

435462579 928515125314271 5438343134475429064 N.jpg

„Во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција“ најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Денес беше активирана електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) и на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, автопат Скопје – Тетово.

„Ова се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Северна Македонија и Србија“ наведе Бочварски.

Министерот додаде дека во моментов возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат – рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски.

Можете да прочитате

Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите Талир 1 и Талир 2:  Конечно правдата е задоволена за ВМРО-ДПМНЕ

ОЈО поднесе обвинителен предлог против екс директорот на СОЗР

Левица: СДСМ поради таен договор со Мицкоски не дозволи опозициско обединување за една изборна единица