Утрински Весник
Македонија

Пендаровски од Кичево: Мицкоски од шпицен кандидат за премиер сега е шпицен кандидат за претседател

Makedonskibrod 5.jpg

„Јасно е дека на митинзите на Силјановска само претседателот на партијата што ја поддржува зборува. Но и пред четири години човекот беше шпицен кандидат за премиер, сега е де факто шпицен кандидат за претседател на државата“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево одговарајќи на прашања од граѓаните.

Тој додаде дека догодина Мицкоски можеби ќе биде и шпицен кандидат за градоначачник на Скопје, веројатно нешто ќе му се погоди.

„Ме критикуваат дека на моите митинзи само јас зборувам, дека сум бил оставен сам. Сега да им кажеме дека јас сум бил секогаш и секогаш ќе бидам со народот, затоа повелете сите на бина“ рече Пендаровски канејќи ги сите присутни на митингот во Кичево да се качат со него на бината.

Можете да прочитате

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани