Утрински Весник
Македонија

Уапсено лице од струшко, во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција

626311653 1199183009058891 4602859253091790082 n.jpg

На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта.

При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници труга, пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети.

Пронајденото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Речиси 12.000 Македонци работеле во Хрватска лани, најмногу во туризмот и градежништвото

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“