Утрински Весник
Балкан

Ердоган објави нов финансиски пакет вреден речиси две милијарда евра за поддршка на производствениот сектор на Турција

Erdogan.webp.webp

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави нов финансиски пакет вреден 100 милијарди турски лири (1,95 милијарда евра) за поддршка на производствениот сектор на Турција, објави веб-страницата „Хаберлер“.

„Сакам да споделам добри вести што ќе ги олеснат тешкотиите со кои се соочуваат нашите производствени компании во пристапот до финансирање. Лансираме пакет за финансирање вреден 100 милијарди лири со поволни услови. Ќе понуди шестмесечен грејс период за отплата на главницата и период на отплата до 36 месеци“, рече Ердоган синоќа по состанокот на кабинетот.

Во својата изјава, Ердоган исто така рече дека во рамките на иницијативата ќе бидат обезбедени заеми до 50 милиони лири (околу еден милион евра) по компанија.

Можете да прочитате

Владиниот совет за национална безбедност на Грција ги одобри грчката „Железна купола“ и уште десет програми за вооружување

Комарците носат нова закана во Грција – 21 лице заразено со вирусот Западен Нил

Невреме во регионот – Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска