Утрински Весник
Македонија

Уапсени три лица од Струга под сомнеж дека повеќекратно силувале девојче помладо од 14 години

Уапсени три лица од Струга под сомнеж дека повеќекратно силувале девојче помладо од 14 години

Струшката полиција денеска уапси три лица осомничени дека во повеќе наврати силувале девојче помладо од 14 години, чија што точна возраст МВР не ја открива.

dobivaj vesti na viber

„ОВР Струга ги лиши од слобода 57 годишен жител на селото Враништа, 69 годишен жител на село Драслајца и жител на село Мороишта на возраст од 17 години , поради основано сомневање за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, велат од СВР Охрид.

Случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето а од полицијата најавија дека против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи

167 санкционирани возачи во Скопје

Вечерва уапсени се лица поврзани со убиството на докторот во Железара