Утрински Весник
Македонија

 Уапсени две лица за дрога

Policija Mvr2.png

Претреси во Гостивар и гостиварско. Полицијата пронајдене дрога, лишени од слобода се две лица. 

– На 10.04.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.С.(38) во Гостивар. При претрес во неговиот дом и угостителски објект, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја. додека во угостителскиот објект е пронајдена марихуана, информираа од МВР. 


– На 11.04.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода У.И.(57) од с.Форино, гостиварско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, наведуваат од полицијата за другиот случај. 

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол