Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца Косовари, шверцувале лекови, парфеми и чанти

Polici A 2.jpg

Денеска (24.07.2024) околу 03.50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.

При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.

Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице