Утрински Весник
Македонија

Заталкан куршум рани скопјанка во Драчево – погодена во рамото додека била во дворот

Kurshum.jpg

Скопјанка била ранета од заталкан куршум додека седела во дворот на својот семеен дом во скопската населба Драчево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 септември во 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено од Поликлиниката Драчево дека кај нив со повреда била донесена 57-годишната Ј.С. од Скопје.


Според пријавеното, околу 20:40 часот жената се наоѓала во дворот на семејниот дом кога одеднаш почувствувала удар во пределот на рамото.

По извршениот лекарски преглед било утврдено дека повредата била предизвикана од зрно од огнено оружје.

Засега не е познато од каде било испукано зрното, ниту кој пукал.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и пронаоѓање на сторителот.

Можете да прочитате

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција