Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца Грци на граничниот премин Богородица, во багажникот превезувале лице без документи

Гужва на „Богородица“, се чека околу 40 минути

Вчеравечер, во 21.30 часот, на граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода 19-годишниот И. Д. и 21-годишниот Н. А., двајцата од Република Грција, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничкото моторно возило „дачија дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице – грчки државјанин, без документи. И. Д. и Н. А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитниот центар за странци“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани