Утрински Весник
Македонија

Уапсен судија од Врховниот суд – фатен со мито од 10.000 евра

Vrhovensud.webp.webp

Полициски извори за Телма потврдија дека денеска со истрага бил опфатен врховен судија поради сомнеж за барање мито и за поткуп.

Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет.

За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г. Од обвинителството за Телма кратко одговорија дека немаат информации. Истрагата за случајот ја спроведува МВР.

Можете да прочитате

НАЈНОВИТЕ АНАЛИЗИ ПОТВРДИЈА: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Драматична состојба со пожарите: 21 активен, неколку и на подрачјето на Скопје

25 години од Охридскиот рамковен договор – Владата утре со свечена седница