Утрински Весник
Економија

УЈП подготви водич за пријавување и оданочување на доходи остварени од странство од страна на физички лица

Ujp 1.jpg

Управата за јавни приходи создаде водич за пријавување и одданочување на доходи од странство. Физичките лица, резиденти на државата, кои остваруваат доход од странство имаат обврска да го пријават преку системот е-Даночни услуги.

Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи како Airbnb и Booking.com), капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и др.), доход од капитал (дивиденди, камати, други финансиски приходи), авторски права, добивки од игри на среќа,
и друг вид доход. 

Приливи од странство кои не подлежат на оданочување се приливите добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси. 

Сите детаи за ова одданочување може да се најдат на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170

Практичното упатство за начинот на пополнување и плаќање на пресметката може да се види преку следниот линк  https://youtu.be/9P7RjC-Zjc8. 

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра