Утрински Весник
Економија

УЈП ги потсетува даночните обврзници да ги поднесат ДДВ-04 пријавите до 25 октомври

Ujp1.jpg

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 25 октомври 2024 година (петок). Иако 23 октомври е неработен ден, системите на УЈП ќе функционираат, овозможувајќи им на обврзниците да ги поднесат своите пријави и на тој ден.

До сега, поднесени се само 11.113 од очекуваните 40.975 пријави, што претставува само 27,12% од вкупниот број. УЈП потсетува дека непочитувањето на роковите може да доведе до казни и дополнителни финансиски трошоци.

Обврзниците кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на телефонските броеви од мобилен телефон: 02 3253 200 или на е-поштата info@ujp.gov.mk.

Можете да прочитате

Зошто капиталните инвестиции не носат раст? Миноски посочува системски колапс

До 2027 треба да биде изграден гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски