Утрински Весник
Свет

Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка

(Видео) Кој ја уништи ХЕ Каховка: Кога би ја разнела браната, Русија би си пукала в нога

Њујорк тајмс објави дека има докази што потврдуваат дека Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка.

dobivaj vesti na viber

Браната Каховка, што е под руска окупација, беше уништена на 6 јуни, а бетонската бариера што ја уништи била поставена длабоко во конструкцијата.

– Доказите јасно укажуваат дека браната била оштетена од експлозија иницирана од страна која е под контрола на Русија, пишува Њујорк тајмс.

Браната е изградена во советско време, па Москва ги имала инженерските планови и знаела каде се наоѓа „Ахиловата пета“ на градбата.

Според експертите малку е веројатно уривањето на бетонските темели на браната да се случи само по себе.

Украина ја обвини Русија за уништување на браната, која е под руска контрола од 2022 година.

Кремљ негираше вмешаност во оштетувањето на браната, која потопи дел од линијата на фронтот и бројни домови и многу ниви во околните региони.

Можете да прочитате

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор, се надевам на брза средба меѓу Путин и Зеленски

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран

Макрон утрово во Анкара го започна со трчање