Утрински Весник
Македонија

„Твоја држава, твоја шанса”:  Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот

Jovana trencevska sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка

Вистината е дека граѓаните денес живеат многу тешко. Цените растат секој месец, храната станува луксуз, а платите не успеваат да го следат поскапувањето.


Вистината е дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно само за основните животни трошоци, односно речиси три минимални плати.

Вистина е дека нема 600 евра минимална плата, работниците создаваат вредност и профит, а нивните плати остануваат најниски во Европа.

Вистина е дека пензионерите секој ден се соочуваат со повисоки трошоци, додека нивниот животен стандард опаѓа.

Вистината е дека Владата на Мицкоски ги излажа граѓаните и ги остави сами во време на економска криза, без мерки за стандардот.

СДСМ во програмата „Твоја држава – твоја шанса” нуди конкретни решенија и политики кои ја враќаат социјалната правда и економијата и го ставаат човекот пред профитот.

Правда е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Тоа е една од нашите мерки.

Поголеми плати кога компаниите имаат поголем профит – воведувавме принцип според кој ако расте профитот на компанијата, мора да расте и платата на работникот.

Правично е ако расте профитот на компанијата, да расте и платата на работникот. Трудот мора да биде вреднуван, а успехот правично распределен.

Државна поддршка за повисоки плати – намален данок на добивка или субвенционирање на придонесите за компаниите што ги зголемуваат платите.

Праведно е државата да ги стимулира компаниите што ги зголемуваат платите, наместо да ги наградува оние што заработуваат на грбот на работниците.

Правда е пензиите да растат и да обезбедуваат достоинствен живот. Затоа предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат.

Сојуз за достоинство и заштита на работниците и ранливите категории, признавање на студентскиот стаж, заштита на хонорарците и сезонските работници, дигитален пасош за работникот, како и додаток за домување и покриени трошоци за градинка за самохраните родители.

Тоа се нашите вредности преточени во конкретни решенија.

Достоинствен живот за работниците, сигурност за пензионерите и поддршка за ранливите категории граѓани.

Секој работник да биде заштитен, секој работен стаж да биде признаен и никој да не остане без своите стекнати права.

Затоа што достоинствениот живот не е привилегија. Тој е право.

Твоја држава – твоја шанса!

Можете да прочитате

Муцунски од Софија: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и стабилноста на Европа

МНТ со „Страв и надеж“ на јубилејниот 60-ти фестивал „Војдан Чернодрински“

Минчев од Белград: Реформите се успешни само кога граѓаните се нивни рамноправни партнери