Утрински Весник
Македонија

Турските државјани фатени при обид нелегално да излезат од земјава

Policija.webp.webp

На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. 

Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и Т.Х., кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција.


Турските државјани се сместени во прифатен центар.

По консултација со јавен обвинител, Т.Х. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 211 од Законот за странци – „помагање на странец при недозволен излез”.

Можете да прочитате

ТХП прослави 27 години постоење

По премиерата на новиот филм на Манчевски во Токио, фановите чекаа цел час за автограми

СДСМ: Алта банка падна, Обвинителство веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески