Утрински Весник
Балкан

Петер Маѓар предложи проширување на Вишеградската група и со земјите од Западен Балкан

Magar.webp.webp

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија.

– Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, Словенија, Романија и земјите од Западен Балкан кои уште не влегле во ЕУ, изјави Маѓар на заедничката прес-конференција со Туск. Полскиот премиер исто така најави дека соработката во Централна и Источна Европа треба да биде пошироко конципирана, истакнувајќи дека овој регион стана место каде што се одлучува за судбината на Европа. Маѓар изрази надеж дека Унгарија до крајот на своето претседавање во јуни годинава ќе организира самит на В4 во Будимпешта.


Туск додаде дека проблемите во билатералните односи меѓу Полска и Унгарија биле внесени во последните години од владеењето на Виктор Орбан, но нагласи дека Петер Маѓар сега е гарант дека двете земји ќе делуваат како „една тупаница“ во ЕУ бидејќи имаат заеднички интереси.

Можете да прочитате

Амбасадата на САД во Приштина: Во среда се очекуваат големи протести во Косово

Ситуацијата со пожарот на Брач е подобра од претходно, должината на пожарот е речиси 40 километри

Еден загинат, околу 25 исчезнати и 51 спасен во полупотонат чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос