Утрински Весник
Свет

Турција и заливските земји имаат намера да отворат зона за слободна трговија

Tanker.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турција и Советот за соработка на Персискиот залив (ГЦЦ) потпишаа договор за почеток на преговорите за договор за слободна трговија, соопшти денеска турскиот министер за трговија Омер Болат.

По долгогодишни тензии, Турција започна дипломатска офанзива во 2020 година за да ги подобри односите со земјите од Заливот, особено со Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Оттогаш склучи договори во вредност од милијарди долари со арапските држави, вклучувајќи го и Катар, земјата со која одржува најблиски односи.

„Договорот ќе ја либерализира трговијата со стоки и услуги, ќе ги олесни инвестициите и трговијата и ќе ја зголеми размената на нашата земја со регионот“, напиша Болат на платформата Х.

Анкара смета дека разговорите ќе завршат за кратко време, а Болат нагласи дека со договорот ќе се формира една од најголемите зони за слободна трговија во светот, вредна повеќе од 2,4 трилиони долари.

GCC е составен од Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Кувајт, Оман и Бахреин.

Земјите од Заливот очекуваат Турција да им помогне да ги развијат нивните индустрии и да ги пренесат технологиите, во обид да ги диверзифицираат нивните економии подалеку од нафтата.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична