Утрински Весник
Македонија

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

Img 8517.jpeg

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места. 

Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.


– Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот.

Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен:
– Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација
– Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно
– Бидете трпеливи покажете култура и етика во сообраќајот
– Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас
– Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот

Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото.

Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла – „Секој живот е важен“, порачуваат од РСБСП.

Можете да прочитате

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт