Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Со СДСМ денес имаме 600 мегавати енергија од обновливи извори, наспроти 16 мегавати вкупно до 2016 година

Akci A Centar.jpeg
300x250 (7)

Интегрален текст одсоопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.

300x250 (7)

Во изјава за медиујмите Ковачевски се осврна на достигнувањата на Владата во неговиот мандат кои се однесуваат на користењето на обновливите извори.

-Јас сум исто така многу среќен што во текот на мандатот на мојата Влада, за 2 години и еден друг аспект на екологијата беше исклучително високо на агендата и постигнавме резултати, а тоа се обновливите извори на енергија. Во само 2 години успеавме да имплементираме проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија, сонце, вода и помал дел од биомаса, производство на електрична енергија. – истакна Ковачевски

-Во споредба со она што беше до 2016 година, тоа е многукратно повеќе, тогаш имаше само 16 мегавати, сега само за 2 години – 600 мегавати. И тоа е начинот на којшто треба да се развива нашата држава во еколошки чиста со висока свесност и на самите граѓани за чистотата околу нас и со висока ангажираност на локалните самоуправи во однос и на чистењето и на зазеленувањето и на подоброто урбанистичко планирање во градовите – рече Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Села: Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ

До самиот крај на овој месец пролетни, до рано-летни температури и претежно стабилно и сончево време