Утрински Весник
Спорт

ФК Работнички стана дел од Е-спорт лигата

Fk rabotnicki esport.jpg

По примерот на најголемите европски и балкански клубови, ФК Работнички и официјално е дел од Е-спорт. Од 25. март, Работнички Е-спорт ќе учествува во најсилната балканска лига во  „Е-фудбал 3 vs 3“, во која ќе се натпреварува против најсилните Е-спорт екипи на Балканот, Партизан, Црвена ѕвезда Будуќност, Марибор, Истра.

Тимот на Работнички Е-спорт ќе го предводи Армин Мандал како капитен заедно со соиграчите Марко Миниќ, Јакуп Максути, Томислав Халузан, Ниметула Даути и Бенјамин Аслани. Натпреварите ќе се пренесуваат на ТВ Арена Е-спорт секој понеделник со почеток во 20 часот.

ФК Работнички во чекор со светските спортски трендови, станувајќи дел од Е-спорт лигата ќе го промовира не само ФК Работнички како фудбалски клуб со голема традиција и реноме, туку и македонскиот фудбал и Македонија во целина.

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства